Фотокниги: ненадминлив квалитет и прилагодлив дизајн

Прво изберете го производот, потоа продолжете со неговата конфигурација и дизајн.

Фотокниги

Персонализирана фото книга, со 40 страни, големина 20х20 см со тврд повез. Во оваа книга може да се сместат од 40 до 80 фотографии по Ваш избор.

НАПОМЕНА: Внимавајте при креирање на оваа фото книга да немате фотографии кои се протегаат преку двете страни, бидејќи во средината каде се спојуваат страните не се видливи по 5 мм, така да доколку имате ликови или важни елементи во тој простор можно е да не се гледаат целосно.

Опција за ние да ви ја керираме фото книгата постои со тоа што ќе мора претходно да не контактирате на е-маил, телефон или порака на социјалните мрежи и ќе се договриме за понатамошниот начин на испраќање на фотографиите и дизајнот на книгата. Оваа опција ќе се доплаќа дополнително 1000 ден.

Ексклузивни Фото Книги

Имаме 3 опции за бројот на страни на оваа фото-книга. Со 20 страни е 3090 ден. со 30 страни 4290 и со 40 страни 5790 ден. Фото книга со големина на страна од 20х20 см.

Припремата се прави на лист 20х40 см. без ограничување или прекин на средина од страната така што преку целата површина може да има и само 1 целосна фотографија.

Одлична големина за да ги зачувате Вашите спомени од свадби, родендени и други значајни момети од Вашиот живот.

Слики на платно

Вашата фотографија или слика, печатена на уметничко платно (canvas), затегната на blind рамка на 40х40см

Фотографии

Печатење на фотографии во најразлични формати.

10х15,13х18,15х20,20х30,30х40 и популарниот квадратен формат 13х13 цм.

Зачувајте ги Вашите спомени.

Испечатете ги Вашите фотографии на суперквалитетна мат фото хартија на која не остануваат прсти.